Името на Н’Голо Канте во последно време почесто се споменува во француските медиуми.
Одличниот играч за врска на Челзи го тужеше поранешниот агент за имиџ правата Хоуари Кари за измама и така го спречи да го ограби.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Француските власти започнаа истрага откако е објавено дека на Канте и неговиот агент Абделкарим Доуси им се заканувале со пиштол со цел да потпишат раскинување на соработката.
Наводно се се случило во март 2017 година и тоа поради 4.8 милиони евра компезација за агентот. Својот дел го барал Рахид Садна со својот брат Хоуари.
„Мојот брат имаше пиштол, но не го впери кон Канте. Тој одигра паметно, немаше насилство. Му даде можност да избере“, изјави Рахид во изјава „Медиапарт“.
Наводно на Канте му се обратиле со зборовите:
„Ти давам можност да избереш. Престани да соработуваш со други. Не се шегувам, реши го проблемот или ќе пукам во Карим Доуис“.
Канте потоа се огласил преку адвокати:
„Јас сум фудбалер и не живеам во светот на криминалците. Ме сметате за незрела личност, но треба да знаете дека ја сум одговорен и сам ги правам своите избори, чесно и си целосна совест“, изјави Канте.
Канте во 2018 година го обнови договорот со Челзи, Доуис и Садна ја поделија провизијата.