Флорентино Перез вчера најави дека ќе поднесе тужба против новинарот, Хозе Антонио Абељан кој во „Ел Конфиденсијал“ објаува разговори во кои првиот човек на клубот зборува лошо за одредени луѓе.
Веќе два дена наназад се објавуваат снимки од приватни и тајно снимени разговори во кој Перез зборува лошо за Мурињо, Роналдо, Раул, Коентрао…Перез на судот ќе го застапува Гонзало Родригез Муриљо, а тужбата нема да биде поднесена поради клевета како што се очекуваше туку поради повреда на чест и углед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веќе денес стигна одговорот од другата страна. Овој пат се работи за одвоени снимки од 2007 до 2012 година. Во нив Перез зборува за медиумите. Во разговорот Перез ветува донесување на одлука за јавни напади кон своите противници.
„Не грижи се, мораме да ја добиеме битката против „Марка“ и ТВЕ (шпанска телевизија). Со тоа ќе го изолираме „Ел Паис“ кој не се однесуваше лошо, но се Реално и Де Ла Морена се однесуваа лошо. „Ел Рондо“ повеќе нема да го има“, зборува Перез во еден дел.
Иако не е јасно на кого Перез се обраќа, јасно е дека Перез зборува за радио водителот Хозе Рамон Де Ла Морена кој токму ова лето ја заврши неговата долга и успешна кариера. Де Ла Морена со години беше еден од најпознатите гласови на „Кадена Сер“.
Вториот човек кој Перез го споменува е Алфредо Релано, човек кој 23 години беше главен уредник на „АС“, а заедно со Де Ла Морено се пвоврзана и ПРИС групацијата со која Перез од поодамна не е во добри односи. Таа групација е сопственик на „АС“ , „Ел Паис“ и уште многу медиумски брендови.