Дома Трансфер зона Перез не се шегува: Одлучил Реал да биде главен во летниот преоден рок

Перез не се шегува: Одлучил Реал да биде главен во летниот преоден рок

Како што во овој момент изгледа, иако се уште има време, Реал Мадрид веројатно ќе биде екипата која ќе го одбележи летото 2024 година.

Килијан Мбапе треба да е веќе обезбеден, а покрај него најверојатно „кралевите“ имаат договор и со Алфонсо Дејвис, тука преостанува уште да го убедат Баерн да го ослободи за сума помеѓу 40 и 50 милиони евра.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Меѓутоа сега се појави и трето име, тоа е Лени Јоро, еден од најталентираните француски стопери кој сонува за дресот на Реал Мадрид.

Како и на Дејвис, договорот на Јоро со Лил истекува летото 2025 година, па во претстојниот преоден рок францускиот клуб ќе ја има последната шанса да заработи на него. Инаку, Јоро е голема желба на Пари Сен Жермен, се споменуваат и неколку премиерлигаши, сепак изгледа дека тој сака само во Мадрид.

Од друга страна познато е дека Карло Анчелоти сака еден стопер како замена за ветеранот Начо кој полека паѓа во втор план со враќањето на Милитао и Алаба. Јоро би требало да биде нивна поддршка и да собира искуство бидејќи има само 18 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Артета носи големо засилување во борбата за титулата

Арсенал е силно заинтересиран за играчот на Реал и турскиот талент, Арда Гулер, прене…