Дома Фудбал Останато Oбвинетите за смртта на Марадона можат да добијат и казна затвор од 25 години

Oбвинетите за смртта на Марадона можат да добијат и казна затвор од 25 години

Аргентинското обвинителство после 15 месеци го презема главниот чекор за смртта на Диего Армандо Марадона, а отворено е обвинение против осум лица кои се теретата убиство со можна умисла.

Марадона почина на 25. ноември 2020 година од срцев удар, само еден месец откако наполни 60 години и излезе од болница со хематом на главата. Обвинителството се сомневаше дека станува збор за смрт од небрежност и лоша здравствена нега, сега се отворени осум обвиненија.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Обвинетите можат да добијат казна затвор од пет до 25 години, а меѓу нив се неврохирургот Леополдо Луке, психијатарот Агустин Косачов, како и уште  психологот Карлос Дијаз, директорот на здравствено осигурување Ненси Форлини, здравствениот кординатор Маријано Пероно и медицинските сестри Рикардо Алмирон и Дахиана Мадрид.

После собраните докази обвинителството заклучило дека седум од осум обвинети постапувале непромислено и небрежено со што го зголемиле ризикот да дојде до кобниот настан кој и можел да се избегне.

Медиумите во Аргентина најавија дека во следните денови ќе биде познат и датумот за почетокот на судењето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ѓорческа со неверојатен пресврт ја освои титулата во Куршумлијска Бања

Македонската тенисерка број еден, Лина Ѓорческа, продолжува да го потврдува својот квалите…