Дома Фудбал Репрезентации Oфицијално: УЕФА отвори постапка против Украина – Луксембург се надева на прва позиција!

Oфицијално: УЕФА отвори постапка против Украина – Луксембург се надева на прва позиција!

Фудбалскиот сојуз на Украина би можел да сноси сериозни последици доколку се докаже дека е прекршен правилникот од УЕФА при натурализирањето на Жуниор Мораеш.

На адреса на европската куќа на фудбалот пристигнале две жалби поради кои Дисциплинската комисија на УЕФА одлучи да отвори постапка против Фудбалскиот сојуз на Украина.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Станува збор за жалби од ФС Португалија и ФС Луксембург. Овие две селекции сметаат дека Бразилецот Жуниор Мораеш не е натурализиран според прописите.

Фудбалерот на Шахјтор играше за селекцијата на Украина на гостувањето во Португалија и во Луксембург, а жалбата е приложена поради тоа што Бразилецот наводно немал пет години во низа поминати во Украина и поради не смеел да добие пасош.

Украинците вчера се огласија и порачаа дека не се грижат поради најавите за отварање на постапка, но нема дилеми дека ќе стравуваат додека УЕФА не ја донесе конечната одлука.

Доколку се докаже дека Украинците го прекршиле правилот, натпреварите на Португалија и Луксембург со Украина ќе бидат регистрирани со службена победа од 3:0, па Украина после две кола од квалификациите ќе остане на последното место во групата Б без освоени бодови.

УЕФА на својот официјален сајт не наведе кога ќе се одлучува за евентуалната казна. Во Луксембург би биле најсреќни кога Украинците би добиле казна затоа што така тие би избиле на првата позиција на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Анчелоти: Реал Мадрид е најголемиот клуб во историјата

Карло Анчелоти е еден од тренерите со најбогата историја и во својата кариера седеш на клу…