Дома Фудбал Останато Oфицијално: Пирло нов тренер на Караѓумрук

Oфицијално: Пирло нов тренер на Караѓумрук

Легендарниот Андреа Пирло како и што се најавуваше официјално стана тренер на турскиот прволигаш Караѓумрук.

Пирло со овој клуб потпиша договор на една сезона и за Италијанецот ова ќе биде втор обид во професионалната тренерска кариера после сезоната 2020/2021 во Јувентус.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Како фудбалер Пирло има 116 натпревари и 13 гола за италијанската репрезентација и беше шампион на Светското првенство во Германија во 2006. Со успех настапуваше уште во Бреша, Интер, Реџина, Милан, Јувентус и Њујорк Сити. Засега успехот на тренерско поле е далеку од она што го оствари како играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Галатасарај има амбиции да донесе уште една ѕвезда од Манчестер Сити

Турскиот гигант Галатасарај планира да испрати понуда до капитенот на Манчестер Сити Берна…