Дома Останати Ракомет Oфицијално: Одложен мечот ПИК Сегед – Вардар

Oфицијално: Одложен мечот ПИК Сегед – Вардар

Она што можеше и да се претпостави сега доби официјална потврда, мечот ПИК Сегед – Вардар е одложен.

Поради зголемиот број на случаи со коронавирус во ПИК Сегед ЕХФ го одложи натпреварот кој требаше да се игра во четврток.

Ваквиот развој на настаните можеше да се претпостави откако Вардар денес не направи тестови на Ковид-19 кои се задолжителни.

За Вардар и ПИК Сегед ова е втор одложен натпревар. ПИК Сегед не играше против ПСЖ, додека на Вардар му беше одложен натпреварот од минатото коло кој требаше да го игра дома против Елверум.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Барди: Јас сум Албанец, но за Македонија играм со гордост и давам се од себе!

Енис Барди е еден од клучните фудбалери во македонската репрезентација која на 12. ноември…