Аргентински репрезентативец потпиша за Атлетико.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Преговорите беа водени неколку недели, а на крајот беа завршени успешно, Лаутаро Мартинез ќе се пресели во Шпанија.
Момчето кое блеска во младата репрезентација и кај Сампаоли чека шанса во „А“ селекцијата. Настапуваше за Расинг, а сега потпиша шестгодишен договор со „јорганџиите“.
Лаутаро има 20 години, на „Ванда Матрополитано“ ќе пристигне во јуни како замена за Гризман кој сигурно го напушта клубот.
Овој млад фудбалер беше на мета и на Борусија Дортмунд, меѓутоа Диего Симеоне беше клучната причина поради која овој фудбалер го избра Атлетико.
За овој фудбалер „јорганџиите“ ќе издвојат 12 милиони евра, а во Мадрид би требало да пристигне во текот на летниот преоден рок.