Сопственикот на Лацио откри точно колкава понуда одбил за српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ Савиќ.
Во текот на летниот преоден рок Сергеј Милинковиќ Савиќ беше голема желба на голем број европски клубови и една од главните ѕвезди на летниот преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, на крајот тој остана во Лацио, најмногу поради тврдоглавоста на Клаудио Лотито.
Сега првиот човек на Лацио откри точно колкава понуда одбил за Сергеј.
„Мојот интерес и желба е да изградиме силен и победнички тим. Значи, да се засилуваме, а не да продаваме. Доколку размислував на поинаков начин ќе го продадев Савиќ за 160 милиони евра. Тоа можев да го направам минатото лето, но одбив. Сигурен сум дека секој друг претседател би реаиграл на спротивниот начин од кој реагирав јас“, изјави Лотито.
Лотито не сакаше да открие од кој клуб пристигнала понудата.