Дома Фудбал Лига на шампиони Oва се трите сценарија за завршување на ЛШ, УЕФА мора да се одлучи за едно

Oва се трите сценарија за завршување на ЛШ, УЕФА мора да се одлучи за едно

УЕФА своите клупски натпреварувања, Лигата на шампионите и Лигата на Евроа ќе ги заврши во август, но на состанокот на 17 јуни ќе одлучи на каков начин би требало да се одигра завршницата.

Мадритски „АС“ тврди дека УЕФА мора да се одлучи за тро опции, а онаа класичната со реваншите е најмалку реална.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во случај навистина да се направат услови за одигрување на нормална нокаут фаза што е тешко да се очекува со оглед дека нема многу време. „АС“ пишува дека финалето место во Инстанбул би се играло во Лисабон или Минхен.

Второто сценарио е да се игра фајн-фор на неутрален терен, значи нешто слично како во ракометната Лига на шампиони и кошаркарската Лига Европа. Третото сценарио е завршница на турнир со најдобрите осум исто така на неутрален терен.

Идеја е сите натпревари да се одиграат во текот на август. Финалето е планирано за 29 август.

Ќе потсетиме во четвтфиналето на ЛШ веќе се: ПСЖ, Атлетико, Аталанта и Лајпциг, а реванши се чекаат на натпреварите Баерн – Челзи (3:0 прв натпревар), Барселона – Наполи (1:1), Манчестер Сити – Реал (2:1) и Јувентус – Лион (0:1).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…