Аргентинското обвинителство после 15 месеци го презема главниот чекор за смртта на Диего Армандо Марадона, а отворено е обвинение против осум лица кои се теретата убиство со можна умисла.
Марадона почина на 25. ноември 2020 година од срцев удар, само еден месец откако наполни 60 години и излезе од болница со хематом на главата. Обвинителството се сомневаше дека станува збор за смрт од небрежност и лоша здравствена нега, сега се отворени осум обвиненија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Обвинетите можат да добијат казна затвор од пет до 25 години, а меѓу нив се неврохирургот Леополдо Луке, психијатарот Агустин Косачов, како и уште психологот Карлос Дијаз, директорот на здравствено осигурување Ненси Форлини, здравствениот кординатор Маријано Пероно и медицинските сестри Рикардо Алмирон и Дахиана Мадрид.
После собраните докази обвинителството заклучило дека седум од осум обвинети постапувале непромислено и небрежено со што го зголемиле ризикот да дојде до кобниот настан кој и можел да се избегне.
Медиумите во Аргентина најавија дека во следните денови ќе биде познат и датумот за почетокот на судењето.