
Како гром од ведро небо се појави информација дека челниците на Челси работат на трансфер на Кристијано Роналдо.
Имено, Роналдо има 41 година и двапати играше во Премиер лигата, и тоа двата пати за Манчестер Јунајтед.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Во својата кариера играше и за Спортинг, Јувентус, Реал Мадрид, а моментално е фудбалер на Ал Наср.
Минатиот месец Роналдо одлучи да “штрајкува” бидејќи сметаше дека сопствениците на клубот во кој игра не вложуваат доволно во тимот.
Сопствениците на Ал Наср се исто така и сопственици на Ал Ахли, Ал Иттихад, но и тим од Премиер лигата, а тоа е Њукасл Јунајтед.
Роналдо не беше во составот за натпреварите против Ал Иттихад и Ал Ријад, а потоа се врати и постигна два гола во победата од 4:0 над Ал Хазем.
Сега се појавија информации дека Кристијано Роналдо на лето прави изненадувачки трансфер во Челси.
Тоа би се случило, наводно, само ако Кристијано Роналдо биде спремен да ја намали својата моментална плата што ја има во Саудиска Арабија.
За сето ова зборуваше и специјалистот за трансфери Фабрицио Романо и тој ги отстрани сите сомнежи околу овие информации.
“Многу луѓе ме прашуваа последниве денови за оваа тема, а можеби имало и некои врски во Англија. Сепак, ова е секако комплетно лажна вест”, рече јасно Фабрицио Романо.