
Ханси Флик, тренерот на Барселона, најави дека пред мечот со Селта, победата над тимот од Виго би можела да ја приближи неговата екипа кон посакуваната цел.
Доколку победат, Каталонците ќе направат уште еден огромен чекор кон титулата. За сега, тие водат со 79 бодови, шест повеќе и натпревар помалку од Реал Мадрид, нивните најголеми ривали и конкуренти.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Во најавата на натпреварот, Флик исто така спомена и за продолжување на договорот. Договорот истекува во јули 2027 година, а тренерот изрази желба да го продолжи.
– Играјќи против Селта три пати ни направија сериозни проблеми. Мораме да бидеме на своето најдобро ниво. Не очекувам лесен меч, Селта има играчи кои одлично ја контролираат играта и се многу силни на крилата. Секоја сезона е едно патување. Поразот во Лигата на шампионите беше тежок удар. Но, мораме да вложиме сè во идните натпревари и следната сезона. Тоа треба да нè мотивира, за да се подобриме, и сакам да нагласам дека сум горд на овој тим – изјави Флик.
Тренерот на Барселона истакна дека тимот е целосно посветен на успехот во првенството.
– Денес сме фокусирани на првенството, каде имаме предност, но борбата не е завршена. Нема да биде лесно. Желба ни е да играме колку што е можно подобро. Мораме да дадеме сè од себе. Сите се горди на тимот бидејќи го даваат најдоброто.
Мојата намера е да го продолжам договорот, апсолутно сум отворен. Ова ќе биде последниот чекор во мојата кариера. Чувствувам се одлично. Сакам да го обновам договорот, но сега не е време за разговори за тоа. Осеќам дека атмосферата во тимот е фантастична… Лига на шампионите е голема мотивација. Тоа е сон на клубот и навивачите. Морамe да бидамe обединети и да се обидуваме извнова и извнова, со надеж дека тоа ќе дојде наскоро – заврши Флик.