
Грчкиот репрезентативец Јанис Антетокунмпо е еден од најдобрите кошаркари во изминатата деценија.
Од освојувањето на титулата во 2022 година, Милвоки Бакс испаѓаат во првата рунда на плејофот во НБА лигата.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Тоа доведе до многу прашања и незадоволства, и се споменува сѐ погласно дека Јанис Антетокунмпо би можел да ја напушти екипата.
Според аналитичарот на ESPN, Брајан Виндорст истакнува дека многу клубови го посакуваат грчкиот репрезентативец, а фаворит е големакот од Западот.
Лос Анџелес Лејкерс сакаат со сите сили да го спојат Јанис заедно со Лука Дончиќ и Леброн Џејмс, додека сите други играчи се достапни за размена и заминување во Милвоки Бакс.
Шпекулациите веќе преминаа и на други екипи, и два тима освен Лејкерс покажале голем интерес.
Станува збор за Хјустон Рокетс и Сан Антонио Спарси кои сакаат да го видат Гркот во своите редови и кои би сигурно дополнително ги зајакнале нивните амбиции во следната сезона.
“Има неколку опции и нешта што треба добро да се разгледаат. Бакси доаѓаат до крајот на неговата ера и не сум сигурен дека можат да продолжат со него”, извести Виндорст и продолжи:
“Сите клучни играчи се постари од Јанис и тимот околу него не е компатибилен. Со оваа лотарија на драфтот денес ќе видиме што ќе посакуваат тимовите во иднината.
Сметам дека е паметно да се случи вакво нешто, но ќе ви кажам дека тимовите веќе подолго време го подготвуваат ова. Се чека сигнал од Бакси и што тие сакаат.”
До лето и можната размена има уште многу време, но ако се случи сега, тоа сигурно нема да биде изненадување.
Јанис Антетокунмпо можеби по 12 години во Милвоки ќе замине на многу поголем пазар. На крајот успеа во „невозможното“, донесе титула на својата матична франшиза.
Грчкиот кошаркар со нигериско потекло беше 15-ти пик на Бакси веќе далечната 2013 година.
Својата кариера во Европа ја градеше главно во екипата Филатлитикос, од каде беше драфтуван во екипата на Милвоки.
Од тогаш освои бројни награди и беше играчот кој најмногу напредуваше во 2017 година, а потоа и два пати беше МВП на целата НБА лига.
На крајот од сезоната 2020/2021 освои титула која беше прва за Бакси, а тој беше прогласен за МВП на целата финална серија.
Фото: Milwaukee Bucks/FB