Дома Фудбал Нов проблем за Аморим: Мначестер јунајтед остана без важен фудбалер до крајот на сезоната

Нов проблем за Аморим: Мначестер јунајтед остана без важен фудбалер до крајот на сезоната

За време на тренингот, непосредно пред натпреварот со Тотенхем, младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед се здоби со тешка повреда поради која најверојатно ќе биде надвор од теренот до крајот на сезоната.

Еден од најистакнатите фудбалски таленти на Манчестер Јунајтед, може да го пропушти остатокот од оваа сезона поради повредата што ја здоби за време на тренингот.


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


Оваа несреќна вест пристигна непосредно пред средбата со Тотенхем, што е голем удар за веќе така ослабениот состав.

Откако Амад Дијало се здоби со повреда за време на тренингот пред мечот со Спарс, се очекува да помине подолго време надвор од теренот, а најверојатно тоа ќе биде и крај на сезоната за овој талентиран фудбалер.

Оваа вест сигурно претставува голем шок за тренерот Рубен Аморим, кој веќе некое време се соочува со недостаток на неколку важни играчи.

Освен Дијало, Аморим би можел против Спарс да биде и без Кобијеј Мајно, Мануел Угарте и Тоби Колиер, кои исто така се повредени.

Дијало оваа сезона беше клучен играч за Јунајтед. Во последните 14 натпревари постигна шест гола, вклучувајќи клучни погодоци против Манчестер Сити и Ливерпул, како и хет-трик во победата против Саутхемптон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Проблем за Инзаги: Интер без Зомер

Јан Зомер, првиот голман на Интер, има фрактура на палецот што ќе го држи подалеку од тере…