Дома Моторспорт Норис заврши во ѕид по дуелот со Пиастри

Норис заврши во ѕид по дуелот со Пиастри

Џорџ Расел е победник на Големата Награда на Канада. Британецот во болидот на Мерцедес ја оствари првата победа оваа сезона, следејќи ја водечката позиција уште од квалификациите, со што го обезбеди првото место без поголеми потешкотии. Второто место му припадна на Макс Верстапен, додека третото го зазема Кими Антонели, кој за првпат успеа да се искачи на подиумот.

Главниот неуспех на денот го доживеа Ландо Норис. Пред самиот крај на трката, тој беше во дуел со својот тимски колега Оскар Пиастри, но заврши со удар во ѕидот и без бодови. На претпоследниот правец во 66-тиот круг, се обиде да го претекне Пиастри, но безуспешно.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Потоа повторно тргна во напад на целната линија, но направи погрешен потег кога одбра да се движи на левата страна, немаше доволно простор и се удри во ѕидот. Инцидентот погледнете го ТУКА.

Во вкупниот пласман води Пиастри со 198 бодови, што е 22 повеќе од Норис, кој сега има значително поголем заостаток поради останувањето без бодови. Трет е Верстапен со 155 бодови, а зад него е победникот на оваа трка, Расел, со 136 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Леклер бесен на Фарари: Морате да ме слушате, овој болид не се вози!

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, донесе изненадување со освојувањето на пол позицијата за Г…