
Ландо Норис смета дека сударот со тимскиот колега и ривал за титулата Оскар Пиастри е само прашање на време, признавајќи дека тензиите можат да се прелеат и на патеката.
По девет трки од сезоната 2025, возачите на Мекларен ги делат само десет бода и сè укажува на тоа дека титулата ќе се одлучува токму меѓу нив двајца.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Иако Пиастри има дури пет победи и нешто постабилно темпо, Норис уште му дише во вратот и покрај турбулентниот почеток на годината.
Британецот призна дека правеше низа грешки, особено во квалификациите, но како што одминува сезоната, изгледа дека се чувствува сè поудобно со МКЛ39.
Во Барселона сепак беше побавен од Пиастри, кој и тогаш ја потврди својата одлична форма.
Досега имаа многу малку директни дуели на патеката – освен кратката пресметка во Имола каде што Норис имаше предност поради подобрите гуми.
Говорејќи пред Големата награда на Канада, Норис отворено кажа дека контактот со Пиастри е „неизбежен“.
„Никогаш не рековме дека ќе избегнеме сè,“ изјави Норис.
Фото: Принтскрин