Дома Фудбал Ништо не остава на случајност: Барселона сака да го задржи Рафиња

Ништо не остава на случајност: Барселона сака да го задржи Рафиња

Рафиња не е само најдобриот фудбалер на Барселона оваа сезона, туку неговите бројки и статистика го прават можеби и најдобриот фудбалер на светот во моментов, поради што клубот сака со сите сили да го задржи во своите редови бидејќи понудите од супербогатите клубови само доаѓаат.

Спортскиот директор на Барселона легендарниот Деко прв ја покрена иницијативата за нов договор за 28-годишниот фудбалер, па така веќе е во преговори со неговите агенти.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Рафиња е, заедно со Ламин Јамал, играчот на Барса за кој најмногу се зборува, а не е ни чудо зошто. Офанзивецот оваа сезона одигра 51 натпревар во сите натпреварувања на кои постигна 30 голови и постигна 25 асистенции.

Посебно е интересно што во Лигата на шампионите со 12 голови и девет асистенции убедливо е најдобриот фудбалер оваа сезона во тоа натпреварување.

Поради сето тоа многу клубови го сакаат Рафиња. Првенствено неколку клубови од Саудиска Арабија и Манчестер Сити, кои имаат неограничен буџет за купување на Бразилецот.

Како што Каталонците сакаат да го задржат во своите редови, спремиле нов договор според кој би заработувал повеќе. Самиот фудбалер го сака да игра за Барселона, па не се очекуваат проблеми при преговорите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арапите нудат 800 милиони евра за две клучни фигури на Реал?

Арапските и шпанските медиуми известуваат дека Ал Хилал сериозно е заинтересиран за две кл…