
Кошаркарот на Мајами Хит, Никола Јовиќ, се повреди на десниот лакт само 12 секунди откако влезе во игра на натпреварот против Торонто Репторс, по страшен пад при обид за забивање.
Јовиќ се здоби со повреда при обидот за забивање на 3:38 пред крајот од првата четвртина, кога силно падна на паркетот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
На почетокот се стравуваше дека повредата е сериозна и во арената настана тишина, но српскиот репрезентативец го напушти теренот со завој на раката, без потреба од носилки. Не се врати во игра до крајот на мечот.
Тренерот на Хит, Ерик Сполстра, по натпреварот изјави дека рендгенските снимки не покажале скршеници.
“Падот беше навистина тежок. Лактот беше отворен и крвареше, но снимките се негативни. Тоа е добра вест. Сепак, утре ќе направиме магнетна резонанца за да се увериме дека нема дополнителни оштетувања”, изјави Сполстра.
Американскиот стратег откри дека Јовиќ уште некое време ќе чувствува болка, но првичните информации се охрабрувачки.
“Не е за верување како се смееше после сè. Тоа е негов начин да ја опушти ситуацијата”, додаде тренерот на Хит.
Сè уште не се знае колку време ќе биде надвор од теренот Јовиќ, но првите прогнози се ветувачки.