
Само неколку дена пред собирот на кошаркарската репрезентација на Србија за подготовките за претстојниот Евробаскет, главната дилема сè уште е – дали Никола Јокиќ ќе биде дел од тимот на “орлите”?
Со оглед на молкот кој владее во и околу КСС, се чини дека тоа ќе се случи, и сега доаѓа потврда и од далечна Америка.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
“Никола Јокиќ, Лука Дончиќ и Јанис Адетокумбо ќе ги претставуваат своите земји на Евробаскетот во текот на следниот месец.
За сите љубители на НБА кои сакаат да уживаат во натпревари со голем влог, Евробаскетот секогаш носи возбудување”, напиша новинарот Еван Сидери, автор на реномираниот магазин Форбс.