
НИКОЛА ЈОКИЌ доживеa сериозна повреда во последниот напад од првото полувреме на натпреварот каде што неговите Денвер Нагетс се соочиjaа со Мајами Хит.
Џонс ја бранеше акцијата на Џејми Хакез кон кошот, додека Јокиќ се наоѓаше зад нив. По силниот судир со својот соиграч, Јокиќ падна на теренот држејќи се за коленото. Со поддршка од соиграчите и со болни гримаси, го напушти теренот и не се врати повеќе.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Доктор Еван Џефрис, експерт за спортски повреди, на X сподели видео кое според него дава најдобар агол на повредата на Јокиќ, и додаде: “Од тоа што го гледам, има две сценарија. Најдоброто е хиперекстензија. Најлошото сценарио е да му се скинати лигаментите на коленото.”
Во првиот случај, Јокиќ ќе одмара околу еден месец. Во вториот, тоа би значело крај на годишната сезона за него. Повеќе информации ќе се знаат откако Јокиќ ќе направи магнетна резонанца денеска.
Во време кога Никола Јокиќ ги воодушевува љубителите на кошарката со својот маестрален учинок, оваа повреда доаѓа како тежок удар. Оваа сезона успеваше да се истакне дури и над неговите веќе високи стандарди. Јокиќ постигнува просечно 29,9 поени по натпревар со 60,4% успешност на шутот од игра, заедно со 12,4 скокови и 11,1 асистенции.