Дома Фудбал Ние сме многу разочарани, но Сити повторно ќе биде најдобар

Ние сме многу разочарани, но Сити повторно ќе биде најдобар

Новиот капитен на Манчестер Сити, Бернардо Силва, е разочаран поради елиминацијата од Клупското светско првенство, но верува дека неговиот тим ќе се врати на претходното ниво.

Граѓаните неочекувано го завршија натпреварувањето со пораз од саудискиот Ал Хилал по продолженијата.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Имавме големи очекувања од овој турнир, сакавме да стигнеме што подалеку. Мислам дека екипата добро играше, па затоа сме многу разочарани. Играме за да освојуваме трофеи, а кога губиме, секогаш сме разочарани“, истакна Бернардо Силва после натпреварот.

Сепак, Португалецот верува дека неговиот тим ќе се врати на претходното ниво, кога во периодот од 2021 до 2024 четири години последователно беше шампион на Англија и во 2023 година освојувач на Лигата на шампионите.

„Секако, не сме целосно задоволни бидејќи сакавме да играме подобро, но почнуваме да чувствуваме дека екипата повторно е полна со енергија и подготвена да се врати на претходното ниво“, заклучи Бернардо Силва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид преку Јувентус во четвртфинал

Реал Мадрид со минимални 1:0 го совлада Јувентус во осминафиналето на Светското клупско пр…