Дома Останати Тенис Несреќен пораз за македонските тенисерки на Били Џин Кинг купот од Норвешка

Несреќен пораз за македонските тенисерки на Били Џин Кинг купот од Норвешка

Несреќен пораз на македонската женска репрезентација од 2:1 од Норвешка во мечот од 2.коло од Ц групата на Били Џин Кинг купот што се игра во Ларнака, Кипар.

По двата сингл меча резултатот беше нерешен 1:1, па така победникот во овој меч се решаваше во играта во двојки. Македонскиот дубл добро го почна мечот и имаше водство од 4:1 во гемови, но потоа ривалките направија серија од пет гема и го добија првиот сет 6:4 во гемвои што значеше водство од 1-0 во сетови.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска „се вратија“ во мечот и изедначија на 1-1 во сетови откако вториот сет го добија на убедлив начин со 6:1 во гемови. Во решавачкиот сет на поени Улрике Еикери и Малене Хелго од Норвешка поведоа со 4:1 на поени и предноста ја одржуваа искористувајќи ја втората меч топка и решавачкиот сет го добија со 10:5 на поени.

Претходо во првиот сингл меч Еикери ја совлада Стоилковска со 2-0 во сетови (63 62)и Норвешка поведе со 1:0, а Ѓорческа изедначи на 1-1 откако го доби мечот со Хелго со убедливи 2-0 во сетови (60 62).

Утре во мечот од третото коло Македонија ќе игра против Косово.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Познат терминот кога Ѓоковиќ и Синер ќе се борат за финале на Ролан Гарос

Познато е кога ќе играат српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и Италијанецот Јаник Синер во полу…