Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, е веројатно единствениот тренер во светот кој може да го задржи своето работно место во тим кој за два месеца остварил само една победа, изиграл три нерешени и загубил девет натпревари во сите натпреварувања.
Фудбалерите на Манчестер Сити по девет кола имаа 23 бодови и беа на второто место. Во следните девет кола освоија само пет бодови и паднаа на седмата позиција, што предизвика Гвардиола да каже нешто што навивачите на “Граѓаните” никогаш не сакаа да го слушнат.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
„Можно е да не се пласираме во Лигата на шампионите. Имаме големо заостанување, а тоа не е единствениот проблем“, изјави Гвардиола.
Гвардиола го објаснува падот на формата со големиот број на повредени играчи. Најдобриот Родри, добитникот на Златната топка, нема да се врати на теренот пред крајот на сезоната. Долго беа отсутни и Де Брујне, Гундоган, а на списокот на повредени се и Рубен Дијаш, Матеус Нуњеш, Едерсон, Кајл Вокер, Џек Грилиш и Џон Стоунс.
„Многу важни играчи недостигаат во тимот. И порано сме имале повредени играчи, но никогаш во ваков голем број. Ќе разговарам со управата на клубот и заедно ќе одлучиме што треба да направиме. Кризава предолго трае“, изјави Гвардиола.