Дома Трансфер зона Нема крај на проблемите за Рис Џејмс: Повторно е повреден

Нема крај на проблемите за Рис Џејмс: Повторно е повреден

Дефанзивецот на Челзи, Рис Џејмс заработи нова повреда и ќе го пропушти гостувањето кај Лестер.

Оваа вест денеска ја потврди менаџерот на „сините“ Енцо Мареска.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„За жал, Рис Џејмс почувствува нешто во мускулите и не сакаме да ризикуваме. Тој нема да игра против Лестер“, изјави Мареска.

Да потсетиме, Џејмс поради низа повреди ја пропушти речиси цела 2024 година, а откако се врати одигра само четири натпревари и на теренот помина вкупно 241 минута.

Во текот на изминатите неколку години имаше голем број повреди, главно проблеми со мускулите и се чини дека се уште не ги санирал. Засега не е познато кога Џејмс ќе се врати на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…