Дома Фудбал Некогаш беше премиерлигашка ѕвезда, а сега работи како чирак за 420 евра!

Некогаш беше премиерлигашка ѕвезда, а сега работи како чирак за 420 евра!

Некогаш перспективен фудбалер и надеж во Премиер лигата, Сами Амеоби (32), сега е далеку од светот на фудбалот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Играчот, кој во кариерата заработил приближно осум милиони евра, сега работи како чирак во занаетчиска продавница, каде заработува само 420 евра неделно.

Сами Амеоби е помлад брат на Шола Амеоби, поранешна ѕвезда на Премиер лигата. Тој ја започна својата кариера во Њукасл каде помина седум години и таму ги заработи повеќето од своите милиони, кои очигледно ги потроши.

Инаку, Амеоби денеска се најде во центарот на вниманието на британските медиуми бидејќи се појави пред судот во Честер, каде се изјасни за виновен за инцидентот што се случи на 12 ноември минатата година. По тој повод овој поранешен фудбалер со својот автомобил удрил девојка и не застанал, а неговиот автомобил немал осигурување од незгода.

„Очигледно тоа што го направив беше погрешно, го разбирам тоа. Во тој момент ме фати паника, да бидам искрен“, изјави Амеоби пред судот.

Тој забележа 53 настапи во Премиер лигата во текот на неговата кариера, а уште 191 во Чемпионшипот. Тој беше младински интернационалец и за Англија и за Нигерија, од каде што неговите родители пристигнаа во Њукасл.

Најефикасен во кариерата беше во дресот на Нотингем Форест и Болтон, а настапуваше и за Мидлсброу и Кардиф. Кариерата ја заврши во 2022 година со Мидлсброу, но последниот натпревар го одигра една година претходно со популарниот Нотингем Форест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан не сака да го пушти Модиќ: Аморим му го претстави планот за игра и списокот на играчи за новата сезона

Газдата на Милан Џери Кардинале сака Лука Модриќ и следната сезона да биде лице на неговио…