Рафаел Надал денеска го стартува Дејвис купот каде што ќе го одигра својот последен меч во кариерата.
Во случај на елиминација денешниот меч против Холандија може да биде и последниот во кариерата на славниот Шпанец.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Надал ќе игра против Ван дер Зандшулп, а пред овој негов дуел со емотивно писмо се огласи Роџер Федерер.
„Вамос, Рафаел Надал! Додека се простуваш од тенисот имам да кажам некои работиме пред да станеме емотивни. Ќе започнам со очигледните работи: Почесто ме победуваше, повеќе отколку што јас те победував тебе. Ме предизвика повеќе од кој било друг. Кога игравме на земја изгледаше како да влегувам во твојот двор и ме принудуваше да работам понапорно од кога било претходно. Ме принуди да ја редизајнирам својата игра, едноставно сè однесе на повисоко ниво. Целиот твој процес, твоите ритуали, местењето шишенца во формација, местењето коса, долниот веш… Сè со висок интезитет. Тајна е дека всушност тоа ми се допаѓаше. Беше уникатно, го знаеш и ти тоа, поради тебе го засакав тенисот уште повеќе. Во ред, можеби не веднаш.
По Австралија Опен 2004, првпат станав број 1 на светот и мислев дека сум на врвот на светот. И бев, сè додека два месеца подоцна не се појави на теренот во Мајами со црвена маица без ракави, покажувајќи ги тие бицепси, и ме победи убедливо. Целата приказна што ја слушав за тебе – за неверојатниот млад играч од Мајорка, талентот на генерацијата кој еден ден ќе освои голем турнир, не беше тоа само празна приказна“, стои меѓу другото во писмото од Надал.