Во Малага, Шпанија денеска започнува завршниот турнир во Дејвис Купот кој е во центарот на вниманието поради збогувањето на Рафаел Надал.
Надал пред два месеци најави дека со настапот во Дејвис Купот ќе се збогува од професионалниот тенис, а останува да видиме дали денес мечот помеѓу Холандија и Шпанија ќе биде негов последен.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Идеално збогување не постои, тоа го има само во американските филмови, го сфатив тоа пред многу време. Но, не сум загрижен, збогувањето ќе биде такво какво што ќе биде“, изјави Надал
Надал во кариерата четири пати го освојуваше овој турнир, а освои уште 22 гренслем трофеи, 36 пехари од Мастерс турнирите и вкупно 92 титули.
Шпанеот денеска ја отвора денешната програма против Ван дер Зандшулп, со надеж дека ќе стигне до позитивен резултат и ќе ја продолжи кариерата уште малку.