Дома Фудбал Не е како што очекуваше: Една работа во Сантос го разочарала Нејмар

Не е како што очекуваше: Една работа во Сантос го разочарала Нејмар

Нејмар се врати како херој во матичниот Сантос, но работите на почетокот не одат како што замислуваше. Медиумите пренесуваат дека една работа го разочарала, а тоа е она што го читал за себе по својот прв настап во дресот на Сантос по враќањето во клубот.

Синоќа во осмото коло на бразилската Паулиста се сретнаа Новоризонтино и Сантос, а крајниот резултат на натпреварот гласеше 0:0.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Тоа беше вториот натпревар за Нејмар во дресот на Сантос откако се врати во клубот, но повторно не успеа да запише гол или асистенција.

Играчот кој порано беше дел од Барселона и ПСЖ играше до 74-та минута, по што го замени Габриел Бонтемпо.

Да биде уште полошо, имаше лоша статистика на овој натпревар, и не го покажа учинокот кој се очекуваше од него.

Изгуби посед на топката дури 24 пати, ниту еден удар не му беше успешен, и имаше само еден успешен дриблинг од осум обиди.

Далеку од најдоброто беше и процентот на прецизноста на пасовите, 79%, односно прецизни беа 22 од 28.

Исто така, противниците повторно играа многу грубо на него. Фаулиран беше вкупно пет пати.

И самиот Нејмар е свесен дека е далеку од својот препознатлив ниво,.. Такви се коментарите на медиумите.

Глобо Еспортите беше до некаде и најблаг. Кратко напиша дека Нејмар имал лош настап.

“Нејмар не ја виде топката во својот прв меч како стартер во Сантос”, пишува „Терра“.

Да се потсетиме дека Нејмар потпиша договор со Сантос на половина година, а пристигна од Ал-Хилал каде што не се изигра поради повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Последните понуди одбиени, Фати одлучи да остане на трибините

Заврши преодниот рок и во Турција, што значи дека Ансу Фати сигурно останува член на Барсе…