Дома Останати Тенис Не дозволи сензација: Ѓоковиќ изгуби сет од 107. тенисер во светот, но победи!

Не дозволи сензација: Ѓоковиќ изгуби сет од 107. тенисер во светот, но победи!

Aмериканецот Нишеш Бесверди го освои првиот сет против Ѓоковиќ, но српскиот тенисер не дозволи сензација и ги доби наредните три за победа од 3:1 во сетови.

Мечот траеше два часа и 57 минути што покажува дека американскиот тенисер кој е 107. на АТП листата добро му парираше на Ѓоковиќ.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во првите три сета видовме по еден брејк, прво го направи Бесверди во првиот за водство од 1:0 во сетови, додека во следните два Ѓоковиќ на двапати го освојуваше сервисот на противникот и тоа се покажа како доволно.

Четвртиот сет донесе доминантна игра на Ѓоковиќ во која му дозволи на Американецот само два гема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер денеска игра за трофејот што го нема и првото место на АТП листата на седум денa

Во финалето на АТП мастерс од серијата 1.000 денес од 15 часот играат вториот тенисер во с…