Дома Моторспорт Не чекаа многу: Ред Бул експресно најде замена за Хорнер!

Не чекаа многу: Ред Бул експресно најде замена за Хорнер!

Кратко по објавата дека Кристијан Хорнер е сменет од позицијата шеф на Ред Бул тимот, австрискиот тим веднаш реагираше и го назначи Лоран Мекис за нов извршен директор.

Мекис се приклучи на Ред Бул во 2024 година, доаѓајќи од Ферари, каде што помина пет години на позиција спортски директор. Прво во Ред Булја извршуваше улогата на тимски директор, а сега е официјално унапреден на водечка позиција. Неговото претходно место го презеде Алан Перман, искусен стручњак кој претходно беше директор на тркањето.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


“Изминатата година и пол беше привилегија да се биде во раководството на тимот. Беше тоа неверојатна авантура во создавањето на Ред Бул заедно со сите талентирани луѓе. Духот на целиот тим е извонреден и навистина верувам дека ова е само почеток. Алан е вистинската личност да го продолжи нашиот пат. Тој добро го познава тимот и секогаш бил составен дел од нашите успеси”, изјави Мекис.

Промените во Ред Бул доаѓаат во момент кога тимот се соочува со предизвикувачка сезона. По одбраната на титулата од страна на Макс Верстапен минатата година, тимот ја изгуби доминацијата во шампионатот на конструкторите. Во моментот се наоѓаат на четвртото место, а Верстапен е само трет во поредокот на возачи, зад возачите на Мекларен – Оскар Пиастри и Ландо Норис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Потрес во Ред Бул: Крис Хорнер доби отказ!

Формула 1 тимот Ред Бул го отпушти својот директор Кристијан Хорнер, кој раководеше со тим…