Дома Фудбал Нејмар кажа „да“ за враќање во татковината

Нејмар кажа „да“ за враќање во татковината

Изгледа дека деновите на бразилската ѕвезда Нејмар во Ал Хилал се изброени, а долго време се зборува за негово враќање во неговиот матичен клуб Сантос. Наводно, и играчот се согласил со овој трансфер, само се чека договорот помеѓу двата клуба.

Според извори, Нејмар дефинитивно кажал „да“ на клубот каде што ја започнал својата кариера. Не е тајна дека веќе некое време сака да се врати во својата татковина, а сега изгледа дека тој повраток е многу блиску до реализација.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сега следува, можеби и потежок дел од работата. Тоа е постигнување договор за раскин на договорот со Ал Хилал. Претходните вести покажуваат дека Бразилецот не е подготвен да се откаже од многу пари. Попрецизно, бара целосна исплата на договорот иако одигра само два натпревари за Ал Хилал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лудо: Билети за Светското првенство се продаваат и по милионски износ!

Билетите за финалето на Светското првенство, кое ќе се одржи на 19 јули на стадионот МетЛа…