Дома Останати Кошарка Навивачите на Денвер и Лејкерс како на „бојно поле“ (Видео)

Навивачите на Денвер и Лејкерс како на „бојно поле“ (Видео)

Денвер Нагетс предводени од Никола Јокиќ ги победија Лос Анџелес Лејкерс по драматичен пресврт 131:126, но тоа што ја обележа вечерта во „Бол Арена“ не беше само спектаклот на теренот – туку и хаосот на трибините и во ходниците на салата!

По натпреварот дојде до жесток судир меѓу навивачите на двата тима. Група приврзаници на Лејкерс, која допатува во Колорадо, се судри со домашните навивачи од непознати причини, а снимките од инцидентот веќе кружат на социјалните мрежи.

Додека НБА лигата важи за една од најдисциплинираните кога станува збор за навивачки инциденти, вакви сцени ретко се гледаат. Останува да се види дали лигата ќе реагира и какви ќе бидат последиците за учесниците во овој судир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

На 19 години синот на Перо Антиќ почна тренерска кариера!

Синот на македонската кошаркарска легенда и поранешен репрезентативец Перо Антиќ, Лука Ант…