
Фудбалскиот клуб Наполи ова лето е во центарот на вниманието, поврзан со многу звучни имиња, а во своите редови веќе го донесе засилувањето во форма на Кевин де Брујне.
Овој потег претставува значајно достигнување за шампионот на Италија, но нивните амбиции не застануваат тука. Веќе се пишуваше за интересот за Џејдон Санчо, а потоа и за Дарвин Нуњез, кому му се допаѓа идејата да работи под раководството на Антонио Конте. Сега се појавува ново име кое внесува возбуда и има репутација на „лошо момче“ во холандскиот фудбал.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Станува збор за напаѓачот на ПСВ Ајндховен, Ноа Ланг, кој е во преговори со Наполи. Дваесет и шест годишниот играч е одличен фудбалер, но предизвикува тензија меѓу навивачите на Фејнорд и Ајакс бидејќи настапувал за двата клуба, а потоа потпиша и за третиот голем клуб од Холандија, ПСВ.
Ланг постигна 14 голови минатата сезона и оствари 12 асистенции, при што е играч кој може да игра на повеќе позиции во нападот, иако најмногу преферира да делува како крило. Тој не е најпознат по својата работна етика, што го прави интересна одлука на Антонио Конте да го доведе, но сигурно Италијанецот добро размислил пред да го направи овој чекор. Цената од 28.000.000 евра која се споменува, говори за неговата вредност.
Ноа Ланг, Кевин де Брујне, Ромелу Лукаку и Дарвин Нуњез. Каква четворка… Покрај тоа, веројатно ќе се придодадат уште неколку значајни имиња, меѓу кои би можел да се најде и Џејдон Санчо.
Фото: PSV/X