
Арда Гулер е еден од најдобрите млади фудбалери во светот, но еден повик можеше сè да му промени. Дури и призна дека тој ден ја оставил топката, му кажал на клубот дека не сака да игра, и многу рано сфатил дека фудбалот не е најважната работа во животот.
Гулер денес живее својот сон. На 20 години е член на најголемиот клуб во светот, а пред пет или шест години неговите родители, татко му Умит и мајка му Серап, едвај врзуваа крај со крај.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
На синот му подарија копија од Плеј Стејшн, а во еден момент банкротираа, па Арда имаше навика да лаже пријателите дека е уморен или болен за да не оди на тренинг, бидејќи немаше пари за членарини.
Кога доби повик од Фенербахче во 2019 година, животот му се промени. Со 13 години ја напушти Анкара и замина во Истанбул. Мораше. Тој самиот признава дека тогаш на прво место му беа парите, па дури потоа фудбалот.
Подоцна родителите ја продадоа куќата и се преселија кај синот во Истанбул. Огромниот ризик им се исплатил и синот стана ѕвезда.
Меѓутоа, август 2022 година ќе го памети засекогаш. Тогаш му јавија на Арда дека мајка му има срцеви проблеми и мора на операција.
„Никогаш нема да го заборавам повикот што го примив во август 2022 година: ‘Арда… мајка ти има срцеви проблеми. Токму што имаше итна операција.’ Кога го слушаш тоа, фудбалот исчезнува од умот.”
„Светот почнува да ти се врти. Чувствуваш јазол во стомакот. Лекарите мораа да направат операција“.
Фото: Принтскрин