Дома Останати Тенис Најглупавиот потег во историјата на тенисот, поради ова познатиот тенисер го загуби мечот (Видео)

Најглупавиот потег во историјата на тенисот, поради ова познатиот тенисер го загуби мечот (Видео)

Во првата четвртфинална пресметка на завршниот турнир на Дејвис Купот, Белгија ја изненади Франција и ја победи со 2-0, откако Рафаел Колињон и Зизу Бергс ги поразија Корентин Муте и Артур Риндеркнеш.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Особено болен беше поразот на Муте, кој го доби првиот сет со 6:2, а потоа ги загуби следните два со по 7:5. Еден момент на тенисерот познат по својот темперамент и често неочекувано однесување пресудно влијаеше на неговиот пораз и елиминацијата на Французите.

Имено, во дванаесеттиот гејм на вториот сет при резултат 15:15, Муте доминираше, а потоа на мрежата посака да изведе непотребен удар меѓу нозете! Претрпе брејк во тој гејм и на крајот загуби.

По мечот призна дека тоа што го направи навистина беше глупаво, но залудно. Доцна се сети Корентан Муте, Белгија ќе ја чека Италија или Австрија во полуфиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ го прогнозираше освојувачот на Мундијалот

Новак Ѓоковиќ ја сподели својата прогноза за Светското првенство, а неговиот избор ги изне…