Дома Фудбал Надал се огласи за случајот на Синер и даде изјава каква што не се очекуваше

Надал се огласи за случајот на Синер и даде изјава каква што не се очекуваше

Рафаел Надал повторно застана во одбрана на Јаник Синер, чии се суспензија поради допинг се приближува кон крајот.

Светскиот број 1 склучи договор со Светската антидопинг агенција во случајот кој сè уште не е разјаснет, па му беше изречена суспензија во траење од три месеци во февруари. До неговото враќање на теренот остануваат само уште три недели, а освојувачот на 22 гран слем турнири е убеден дека Италијанецот не е виновен.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


„На крајот беше прогласен за невин, доколку не грешам. Овој случај беше негативен за тенисот и за спортот, но незгоди се случуваат. На тоа гледам токму така, бидејќи верувам во Јаник. Убеден сум дека никогаш не би се обидел да мами или да стекне предност над другите. Сигурен сум дека Јаник е невин и морална личност“, изјави Надал во разговор за британскиот Телеграф, и додаде:

„Од друга страна, не сакам да се сомневам во пресудата. Постојат протоколи кои сите ние ги почитуваме во нашите кариери. Во овој случај, надлежните органи ги имаат сите потребни информации. Она што ние го имаме може да биде ограничено и субјективно. Верувам во одлуката на правосудството, Синер ја прифати тримесечната суспензија. Значи, случајот е затворен“.

Синер и Надал досега се имаат сретнато три пати, а сите дуели ги доби Шпанецот – без изгубен сет.

Актуелниот шампион на Австралија опен ќе се врати на теренот на мастерсот во Рим, кој ќе започне на 6-ти мај.

Фото: Rafa Nadal/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тежок удар за Наполи: Заврши сезоната за еден од најважните фудбалери во тимот на Конте

Наполи го изгуби многу важниот играч, најверојатно до крајот на сезоната. Повреда на муску…