Најдобриот тенисер на сите времиња, Рожер Федерер во последните години не бира турнир на кој ќе запише настап.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Иако има 37 години, Федерер се уште игра на врвно ниво.
Понекогаш одлучува да настапи и на помали турнири, а организаторите се обидуваат да го донесат токму Федерер бидејќи неговото доаѓање најмногу им се исплати.
Нормално, тој е еден од најпознатите спортисти на светот и неговите натпревари ги следат милиони луѓе.
Исто така, големи ѕвезди се и Ноле и Рафа, а откриено е колку овие три играчи бараат за настапите на тие турнири.
„Федерер бара милион евра. Претходната година надвор од својот вообичаен распоред настапи на турнирите во Штутгарт Базел, а Надал и Ѓоковиќ се нешто поефтини, бараат околу 880 илјади евра.“ – тврди изворот.