Поанешниот напаѓач на Арсенал, Карлос Вела, е последниот меѓу познатите спортисти чија куќа е уништена во разорните пожари кои го зафатија Лос Анџелес.
Сопругата на Вела откри дека нивната куќа во Малибу од 4 милиони евра, која се простира на 5.121 квадратен метар, изгорела во пожарите кои направија пустош во богатото предградие на ЛА, Палисадес.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Наутро на 7 јануари, силните суши и ветровите предизвикаа шумски пожари. Од тогаш, најмалку десет лица загинаа, илјадници домови се уништени и повеќе од 130.000 жители беа приморани да се евакуираат.
Ex-Arsenal star Carlos Vela’s £3.3m Malibu home destroyed in LA fires as his wife shares emotional update https://t.co/W805Za3TJd
— Mail Sport (@MailSport) January 10, 2025
“Нашиот прекрасен дом во Малибу вчера изгоре. Сè уште сме во шок од сè што се случува”, напиша Сајоа Канибано на Инстаграм.
“Многу е жално и страшно да се види како сè гори. За сите пораки на загриженост кои ни се праќаат, одговарам дека сме на безбедно. Испраќам многу љубов до сите погодени и се надевам дека наскоро ќе ја изгаснат огнот”, додаде таа.
Вела, кој е уште член на тимот на Лос Анџелес во МЛС, го покажа раскошниот дом на семејството во божикна објава на Инстаграм минатиот месец.
Луксузната резиденција имала пет спални соби, повеќе од пет бањи, кујна за готвачи со шанк за појадок, како и трпезарија, дневна соба, главна соба, кино, вински подрум и апартман за гости.