
Индијана Пејсерс извојуваа победа во третиот натпревар од финалната серија на НБА против Оклахома Сити Тандер со резултат 116:107, а главната приказна на натпреварот беше Ти Џеј Меконел кој се запиша во историјата на НБА лигата!
Овој плејмејкер, познат по неговиот боречен дух и енергија од клупата, стана првиот играч во историјата на НБА финалето кој од клупа успеа да запише најмалку 10 поени, пет асистенции и пет украдени топки. Пред него, ова му појде од рака на 15 играчи, но сите почнуваа како стартни – последен од нив беше Џими Батлер во 2020 година.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Меконел беше вистинската искра која го запали теренот – двапати украде топка длабоко на половината на противникот, што го промени темпото на натпреварот. Неговите потези ја кренаа публиката на нозе и внесоа дополнителна енергија во тимот кога беше најмногу потребно.
По оваа победа, Индијана води со 2:1 во серијата. Следниот натпревар се игра во петок навечер, повторно во Индијанаполис.
TJ MCCONNELL ALL HUSTLE 😤 pic.twitter.com/RRazUMNF74
— NBA TV (@NBATV) June 12, 2025