
Бразилецот Нејмар повторно е во фокусот на јавноста, но овој пат не заради неговите мајстории на кои сме навикнати. Бразилската ѕвезда се наоѓа под лупа на јавноста откако на социјалните мрежи се појавија снимки од неговите два неуспешни обиди на атрактивниот потез “rainbow flick” за време на изненадната победа на Сантос против Палмеирас. Иако на 33-годишната ѕвезда не му недостигаше на искуство на теренот, многумина се прашуваат дали ја изгубил магијата која некогаш го правеше еден од најдобрите во светот, пишува Goal.com.
Двата неуспешни потеза на Нејмар крај корнер знамето привлекоа внимание од погрешните причини, а навивачите не ги штедеа критиките. Профилот PolymarketFC ја сподели снимката со коментар: “ТАЖНА ГЛЕДКА! Нејмр едноставно повеќе го нема она старото.”
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Други корисници на социјалните мрежи се надоврзаа со слични коментари. “Човекот е веќе истрошен,” напиша Harisson_utd, додека TheLondonLad_ сугерираше: “‘Напушти го фудбалот пред фудбалот да те напушти тебе.’ Време е за пензија. Во тоа нема срам.”
Слични пораки стигнаа и од други фанови. “Пензионирај се веќе, човече,” се јави DRealist009, а LincolnLumbe заклучи: “Треба да се повлече пред да ја уништи својата легенда.”
🚨 ТЖНА ГЛЕДКА! 😶
— Polymarket FC (@PolymarketFC) November 17, 2025
Neymar едноставно го загуби она што некогаш го имаше. 🇧🇷
🎥 @ataquevideo pic.twitter.com/Jby74Nqgc6
Меѓутоа, додека некои навивачи беа разочарани, поранешните бразилски репрезентативци гледаат поинаква слика. Одбранбениот Luisao за ESPN изјави: “Нејмар го делеше теренот со своите соиграчи и беше дел од тимската хемија, што го направи тој процес потежок за Палмеирас.”