Дома Останати Кошарка На Лејкерс не им помогна ниту фантастичниот Дончиќ – доживеаа катастрофа во првиот натпревар против Минесота! (Видео)

На Лејкерс не им помогна ниту фантастичниот Дончиќ – доживеаа катастрофа во првиот натпревар против Минесота! (Видео)

Кошаркарите на ЛА Лејкерс со пораз дома од Минесота го започнаа овојогодишниот НБА плеј-оф.

Минесота славеше уверливо со 117:95 и поведе 1-0 во серијата од првиот круг на Западот, благодарение на фактот што тројца играчи постигнаа повеќе од 20 поени (Џејден МекДаниелс 25, Наз Рид 23, Ентони Едвардс 22).

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во редовите на Лејкерс единствено расположен за игра беше Лука Дончиќ, кој постигна 37 поени и осум скокови, но имаше само една асистенција.

Со оглед на големото водство во завршницата на натпреварот, шанса од клупата добија играчи кои обично имаат помала минутажа, па заигра и нашиот Лука Гарза. Тој на паркетот мина три минути и постигна два поени и еден скок.

На другата страна Бронни Џејмс за истата минутажа не успеа да постигне поени.

Синоќа беа одиграни уште три натпревари од НБА плеј-офот, а во нив победија домаќините. Индијана го совлада Милвоки 117:98, Денвер ги победи Клиперс 112:110, додека Њујорк беше подобар од Детроит 123:112.

Фото: Los Angeles Lakers

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Готово: Најтрофејниот клуб во НБА лигата се продава за шест милијарди долари!

Управниот одбор на НБА лигата го одобри преземањето на Бостон Селтикс од страна на група и…