Дома Фудбал На Кунде не му беше јасно што прави Флик: Зошто сега тој влегува во игра?

На Кунде не му беше јасно што прави Флик: Зошто сега тој влегува во игра?

Барселона се прости со Лигата на шампионите по поразот на Џузепе Меаца против Интер (4:3), а во центарот на вниманието се најде Жил Кунде, кој го следеше натпреварот од трибините и многумина чуја што изјави кога виде каква замена направи Ханси Флик.

Барселона и Интер одиграа едно од најдобрите полуфиналиња во историјата на Лигата на шампионите во кое видовме дури 13 голови, а на крајот италијанскиот клуб се пласираше во финалето со вкупен резултат 7:6.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во реваншот Интер повторно успеа да поведе со 2:0, но Барселона во второто полувреме го сврти резултатот на 3:2 и беше на чекор од пласман во финале.

Сепак, Интер преку Ачерби во 93-та минута изедначи на 3:3 и обезбеди продолженија, каде што Фратези беше херој, бидејќи успеа да постигне гол за 4:3 и пласман на Интер во големото финале.

Флик во Милано не можеше да смета на неколку првотимци, меѓу кои беше и Жил Кунде. Французинот сепак беше на трибините да искаже поддршка за својот тим.

При резултат 2:3 во судиското продолжение Флик одлучи да направи замена која го изненади и Кунде, и многумина можеа да слушнат што изјави францускиот дефанзивец.

Имено, Флик го внесе Роберт Левандовски наместо Феран Торес и не внесе дефанзивец за да се фокусира на одбрана, што беше очекувано. Но, влегувањето на Левандовски го изненади Кунде поради уште една причина.

Познато е дека Полјакот штотуку се опорави од повреда и не беше на 100%, а со оглед на резултатот и фактот дека врнеше силен дожд, Кунде не можеше да се начуди на потегот на Флик.

“Не знам зошто игра. Не би требало да игра во вакви услови. Не ми е јасно зошто го внесе”, наводно прокоментирал Кунде кога Левандовски влезе во игра.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…