Дома Македонски спорт Мак фудбал На „Комити“ им било јасно кажано: Миленко мора да биде во клубот – во спротивно клубот нема да постои!

На „Комити“ им било јасно кажано: Миленко мора да биде во клубот – во спротивно клубот нема да постои!

„Комити“ денеска ја одржаа најавената прес-конференција на која објаснија како стојат работите во Вардар по промената на раководните структури.

Навивачите на Вардар се малцински акционер со 15% од акциите, а како што велат биле принудени да го прифатат Миленко Неделковски за Извршен директор, таква порака добиле во преговорите со Владата на Македонија.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Пред медиумите денеска се обрати претставникот на „Комити“, Милорад Миленковски.

„Согласно нашата транспарентност сакавме јавно да излеземе и да презентираме како стојат работите. Сакавме тука да се присутни новиот Извршен директор и сите од одборот директори, затоа што станува збор за „клуб на народот“ и сакаме така да остане. Би било во ред и господинот Атила Бижен Жалили кога се уште не сме го виделе да се појави во јавноста и објасни какви се плановите со клубот. Како и да е ние сме тука како бранители и искрени поддржувачи на Вардар.

Средба со владата имавме на 10 јуни и ни кажаа дека имаат решение за Вардар, но треба да им ги предадеме акциите. Инсистираа Миленко Неделковски да биде Извршен директор. Прво не прифативме, но на 3 јули бевме принудени да му пружиме рака на Миленко и постигнавме договор да задржиме 15% од акциите за да реагираме ако следи лош тек на настаните.

Договорот со Атила Жалили се завери на 10 октомвори и на 11 ноември како што Миленко милува да каже во 11 часот и 11 минути се одржани Собрание на кое се потврдија промените. Еден извршен член е поставен од Атила Жилали и тоа е Миленко Неделковски, тука се уште три неизвршени членови од нивна страна и еден неизвршен чле нод наша страна.

За неизвршни членови на Одборот на директори на Вардар се избрани Владо Петровски, Александар Кузмановски и Борче Крстоски Илиоски, а за неизвршен член од наша страна е предложен и избран Мартин Гелев.

Немаме стереотипи кон одредени луѓе, само кажавме дека Миленко не е достоен да биде во Вардар, нашиот став е дека на чело на Вардар треба да биде човек кој не го поларизира општеството и не ги политизира работите во спортот. владата се појави и ни даде гарант дека работите ќе бидат во ред.

Претставник на Владата во разговорите беше Владимир неловски и во тие разговори јасно ни беше кажано: Или Миленко ќе биде во Вардар или клубот нема да постои. Знаевме дека немаме некои силни преговарачки опции и единствено што можевме е да прифатиме“, разјасни Миленковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Можеби ќе има нов спектакл и тоа помеѓу – Тајсон и Холифилд!

Славниот Мајк Тајсон неодамна беше поразен во борбата со јутјуберот Џејк Полс. Борбата зав…