
Њукасл успеа да го совлада Ипсвич во рамките на 34. коло на Премиер лигата, на крајот беше 2:0. Со овој пораз Ипсвич им се придружи на Лестер и Саутемптон кои претходно ги загубија шансите за опстанок во елитното друштво.
Екипата на Еди Хау на тој начин го испрати Ипсвич во понизок ранг, од денес и математички.
Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓
Сврaките со оваа победа се искачија на третото место во Премиер лигата.
Според очекувањата, од самиот старт Њукасл тргна силно, но не успеваше да ја пробие одбраната на гостите кои беа многу дисциплинирани, а на крајот од првото полувреме стигнаа до првиот гол.
По неколку минути прегледување на ВАР снимката, Њукасл доби пенал, а Александер Исак успеа да погоди за 1:0.
Во 56. минута сѐ беше решено, на асистенција на Трипиер, Барн успеа да погоди за 2:0, а конечните 3:0 беа дело на Осуле кој го надскокна О’Шеј.
Да напоменеме дека Ипсвич играше со играч помалку од 37. минута кога Џонсон го доби вториот жолт картон.
Брајтон успеа да го совлада Вест Хем по голем пресврт.
Домаќините дојдоа во предност преку Ајари кој погоди во 13. минута, за Чеканите да постигнат пресврт во второто полувреме. Кудус во 49. минута го израмни резултатот, а Сучек погоди за 1:2.
Сепак, Брајтон преку Митомa успеа да израмни на 2:2, за да во 3-та минута од продолжението со фантастичен гол победникот го реши Балеба.
Вулверхемптон го совлада Лестер без поголеми проблеми на својот стадион.
Куња, Ларсен и Гомеш беа стрелците на головите за Волците, а од друга страна Лестер имаше шанса при резултат 2:0 да намали на 2:1, но Варди промаши пенал.
На “Сент Мерис” Саутемптон водеа по 45 минути со 1:0, но Фулам по неколку измени ја презема иницијативата и славеше со 1:2.