Иако се сметаше за голема фаворитка во денешниот натпревар, Арина Сабаленка потешко од очекуваното стигна до победа и пласман во полуфиналето.
Се очекуваше навистина лесна победа за Сабаленка во дуелот со Анастасија Пављученкова, така и изгледаше по првиот сет во кој Белорусинката славеше со 6:2, а потоа неочекуван пад во нејзината игра.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Русинката поведе со 4:1 во вториот сет, Арина врати еден брејк негатива, но потоа Анастасија прави нов брејк, стигнува до 5:2 и со сигурен сервис ја завршува работата, враќајќи ги работите на почеток.
Најмногу возбудувања се видоа во третиот сет. Почна со брејк на Русинката, потоа по голема борба Сабаленка направи брејк.
И во следните два гема гледавме слично сценарио. Сабаленка поведе со 4:3, а потоа направи брејк за 5:3 и така ја скрши многу цврстата противничка.
Сабаленка ќе игра во полуфиналето против Паула Бадоса, откако претходно Шпанката ја победи Коко Гауф во два сета.
Во останатите две четвртфиналиња се среќаваат Киз и Свитолина, односно Наваро и Швјатек. Полјачката и Белорусинката се сметаат за главни конкурентки за титулата, но и другите девојки ќе имаат што да кажат.
По триумфот на Сабаленка, сега сите во Мелбурн се насочуваат кон дуелот на Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз.
Австралијан опен, тенисерки, четвртфинале:
Бадоса – Гауф 7:5, 6:4
Сабаленка – Пављученкова 6:2, 2:6, 6:3