Maкедонскиот напаѓач, Бојан Миовски зборуваше за „Дејли рекорд“ и порача дека повеќе би сакал да освои трофеј со Абердин отколку да биде на врвот на листата на стрелци.
Главната цел на клубот сепак е обезбедување настап во Европа за следната сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Би било убаво да освоиме некој трофеј кога веќе играме во полуфиналето од Лига Купот. Повеќе сакам да освојам трофеј со Абердин, отколку да бидам најдобар стрелец.
Нашата главна цел е да обезбеди пласман во европските натпреварувања следната сезона, да бидеме во топ 3 на крајот од сезоната во првенството и да се пласираме во финалето од Лига Купот“, изјави Миовски.
Истакна дека прекрасно се чувствува во клуб со богата историја.
„Играм за голем клуб со богата историја, од клуб кој се бори за опстанок дојдовме во клуб со цел да се победува на секој натпревар. Притисокот да ги обезбедиме трите бода уодлично го прифаќаме“, додаде македонскиот репрезентативец.