Бојан Миовски игра одличен фудбал во Шкотска, а со неговите настапи го привлече вниманието на повеќе клубови и медиумите најавуваа негово заминување уште во јануари.
Абердин не сака да се откаже од Миовски, но сепак порача дека би можеле да го продадат за сума од пет милиони фунти. Миовски стана миленик на фановите за краток период, па сега ги израдува со изјава дека нема намера да си замине.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Не размислувам за заминување, за мене гордост е што играм во еден од најголемите клубови во Шкотска. Сигурно ќе ја завршам сезоната во Абердим, фокусиран сум на периодот кој следи. Мојот договор е до 2026 година“, изјави Миовски.