Eзгјан Алиоски од неодамна е нов фудбалер на Ал-Ахли, а сега трансферот го коментираше поранешниот англиски фудбалер Дани Милс кој денес дава свое мислење за случувањата во англискиот фудбал.
Алиоски го напушти Лидс после четири години и се пресели во Суадиска Арабија. Милс е свесен дека Алиоски иам 29 години и дека ова била негова последна шанса за подолг договор со добра работа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Алиоски направи трансфер за пари, едноставно е. Ова беше негова последна шанса за голем договор, кога ќе наполниш 31 или 32 години добиваш едногогодишен договор и мора да се докажуваш. Ова беше негова последна шанса за добри пари.
„Лесно е луѓето од страна да кажат зошто го правиш тоа. Некогаш мора да мислиш и на семејството. Ако некој за вашата работа ви понуди плата трипати поголема за работа во Саудиска Арабија не верувам дека многу луѓе тоа ќе го одбијат“, изјави Милс.