Вардар е нов шампион на Европа, откако успеа денеска во финалето на Лигата на шампиони да го победи Веспрем со 27-24, а еден од најзаслужните играчи на македонската екипа е токму голманот Дејан Милосављев.
Милосављев си „скроти“ ѕверовите на Барселона во вчерашното полуфинале, па имаше голем удел во пласманот во финале, кадешто повторно покажа одлична игра и многу важни одбрани со што му го донесе европскиот трофеј на Вардар.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По крајот на мечот, Милосављев се фати за глава и не можеше да верува што се случува по истекот на 60-те минути.
? ¡El Vardar gana su segunda Champions tras vencer por 27-24 al Veszprem en la final! #EHFFINAL4 pic.twitter.com/ZtoXAxIiwb
— Sphera Sports (@SpheraSports) June 2, 2019